Истражувачи од Универзитетот во Манчестер развија нова поевтина метода за производство на електроника од графен. Со нивната метода значително ќе се намали цената за производство на мастило од графен.
Можноста за принтање на електроника отвора нови области на примeна. Дополнително со новото мастило изработено од дихидролевоглукозенон (цирен) се надминува проблемот со корозија кое го имаат досегашните мастила засновани на метали, пренесе Phys.org. Со оваа технологија се зголемува и концентрацијата на графен во мастилото за печатење, а со тоа и спроводливоста.
„Нашата работа покажува дека принтаниот графен може да биде евтин, одржлив и нештетен за околината. Материјалот е погоден за сè попотребното безжично поврзување и за да овозможи RF собирање на енергија за уредите со мала моќност“, вели професорот Жиурн Ху.
Токму ваква поевтина и поедноставна примена е клучна за префрлањето на графенот од теориска примена во практична.
„Ова е значаен исчекор за комерцијализација на принтањето со графен. Верувам дека ќе биде еволуција во печатените плочки за електроника бидејќи материјалот е многу евтин, стабилен и не е штетен за околината“, вели Кевин Пан.
Кога е во прашање електрониката графенот има потенцијал да биде супер-материјал. Побрзи транзистори, полупроводници, флексибилни телефони и преносни компјутери и веројатно уште многу подеднакво и поимпресивни технологии.