На крајот од годината и Apple ја претстави својата листа на најдобри и најкористени апликации и трендови за iOS 2018. Во еден дел речиси и да нема разлика помеѓу апликациите кои се користат на двете платформи. Ова секако се однесува на игрите, оваа категорија ја одбележаа Battle Royal видеоигри како Fortnite и PUBG.
За најдобра апликација на iPhone е прогласена Procreate Pocket од Savage Interactive Ltd. Апликацијaта е наменета за креативци и овозможува цртање, скицирање и илустрации на телефонот. За најдобра игра на iOS, Apple ja избра Donut County. Играчот е во улога на група ракуни кои ја „преземаат контролата“ во Donut County.
Што се однесува до iPad, најдобра апликација за таблет компјутерот оваа година е Froggipedia. Станува збор за апликација во проширената реалност која може да го замени вообичаеното дисецирање на жаби во образовни цели. Дополнително апликацијата овозможува подетално прегледување на животот на овие водоземци без да се повредат истите. Најдобра игра за iPad е Gorogoa – играта е во „пазл“ жанрот и се забележува по убавите рачно нацртани илустрации.
Освен најдобрите апликации и игри, Apple ги забележа и трендовите кои оваа година се движат во насока на апликации кои се фокусираат на „грижа за себе“. Тука главно се сместени куп велнес апликации, јога и медитација, но и фитнес апликации. Кога игрите се во прашање, иако ги нема во изборот за најдобри „Battle Royal“ жанрот ja одбележа 2018 и на iOS.
[…] post Најдобри аплика&… appeared first on […]