Со Rapportive ви покажавме како да се информирате за вашите и-мејл контакти, во текстот пред некој ден ви дадовме совети како да користите и-мејл како вистински професионалец, но она што не го споменавме е можноста да создадете одлични -и-мејл потписи благодарение на една алатка…
Wisestamp е одлична услуга за остварување на таквата цел и ви дозволува да создадете преубави и-мејл „потписи“ кои ќе се вдомат во долната страна на секој ваш и-мејл. Разбирливо, таквите потписи можете да ги наместите и преку основните опции на Gmail или некој друг и-мејл клиент, но резултатот од таквото нешто не е ниту доволно функционално нити пак визуелно-привлечно решение.
Wisestamp, од друга страна, ви дава WYSIWYG (what you see is what you get) едитор и бројни уредувачки можности за креирање исклучително моќен потпис. Па така, покрај стандардните податоци како вашето име, слика и позиција, можете да вметнете и ваш последен твит / Facebook статус, линк до вашиот последен блог пост, линк до социјалните профили и бројни други додатоци. Откако сте задоволни со направеното, финалниот продукт динамично се вметнува во секој ново-креиран и-мејл.
Самиот вебсајт ви нуди темплејти, односно претходно изготвени урнеци од најразлични полиња кои се соодветни за одредена работа како дизајн, ИТ, сметководство, а покрај бесплатната услуга имате можност и за претплатнички пакет кој, за 4 долари месечно, отстранува Wisestamp промоции, овозможува премиум темплејти и дава приоритетна подршка.