Дали знаете дека просечно 13 часа неделно од работното време го поминуваме во проверка и одговор на електронската пошта? Ова е значителен дел од нашето време, па не е лошо да го поминете што е можно поефикасно.
Родолф Дутел од Buffer, кој беше дел од тимот на Google задолжен за едукација на новите членови со Gmail, на својот блог сподели 7 едноставни совети за користење на електронската пошта на Google. Дел од советите се за Gmail, но најголем дел се однесуваат на сите сервиси.
- Активирајте ја опцијата „Undo Send“ во Gmail. Ова ви овозможува да скратите голем дел од нервозата откако ќе забележите грешки само што сте притиснале „Испрати“. Оваа функција овозможува можност да се „врати“ пораката во првите 10 секунди по испраќањето. Функцијата може да се одбере во „Settings > General“ во делот на опциите за Gmail.
- Користете претходно одбрани (canned responses). Вообичаено формалните имејл пораки и онака се праќаат во сличен формат па ова значително го скусува времето за испраќање на пораките. Функционалноста се активира во „Gmai l> Settings > Labs > Canned Responses“.
- Користете Gmail Offline. Екстeнзијата овозможува преглед, уредување на пошта, пребарување и кога корисникот е офлајн.
- Поштата е корисна, но често и ни пречи во работата. Затоа користете ја Inbox Pause екстензијата.
- Намалете го купот на пошта која секојдневно ја добивате, со прекинување на претплатата. Unroll.me е алатка која овозможува брз преглед на целата пошта на која сте „претплатени“ и брзо откажување.
- Активирајте двојна авторизација. Бројот на случаи во кои хакерите успеале да дојдат до профилот во кој не е вклучена додатна заштита е голем, па нема потреба дополнително да објаснуваме зошто безбедноста е важна.
- Користете го Sidekick за нотификации од Gmail. Можностите на пуш-нотификациите кога некој ја добил и отворил поштата можеби и не се премногу важни за сите пораки или корисници. Но, во дел од пораките и пошта каде времето е од поголемо значење оваа фримиум финкционалност значително ќе ви помогне.
Ако имате некои трикови и совети кои ќе ни овозможат да го скусиме времето и квалитетот на работа, споделете ги во коментарите.
[…] како да се информирате за вашите и-мејл контакти, во текстот пред некој ден ви дадовме совети како да користите и-мејл како […]