0 коментари 1 мин. читање 14 февруари, 2012

Закажете праќање на имејл подоцна со Boomerang за Gmail

Boomerang за Gmail е додаток за Chrome и Firefox кој овозможува да се сетира да се примаат и праќаат имејлови подоцна, наместо како што е по зададено (default) да се праќаат инстантно.

Boomerang има опција да се постави потсетник на одредени мејлови да ви се отворат во време кога навистина ќе ви треба, наместо да бидат изгубени во инбоксот. Пример, може да се постави потсетник ако некој не ви одговори на имејл во одреден период, да кажеме една недела. По една недела без одговор Boomerang ќе го истакне имејлот за да ве потсети дека треба да се обидете повторно да ја контактирате личноста во потрага по одговор.

Апликацијата има и мобилна верзија за iPhone, Android и BlackBerry.

[youtube]4KmsqYjB9j4[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}