Осум од десет компании ставаат приоритет на програмерите кои знаат Linux во 2012 година, се вели во првиот извештај на Linux фондацијата и сајтот за вработување Dice.com.
Од 2.300 фирми кои одговориле на анкетата, половина одговориле дека го зголемиле бројот на луѓе кои познаваат Linux. Секако ова зависи и од тоа дали компанијата расне за да може да отвори нови работни места за нови програмери.
Иако побарувачката на Linux таленти е зголемена, сепак според истражувањето, многу компании, дури 85 отсто, се соочуваат со проблем да го најдат тој талент. Ова ги прави Linux програмерите едни од најбараните професионалци во 2012-та година. За да го надополнат талентот, многу компании спроведуваат дополнителен тренинг и ги зголемуваат платите.

Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.