Исплашете ги пријателите за нивните автомобили со Dude, your car!

Dude, your car! e апликација која нема да се допадне на сите, некои дури и би се згрозиле од идејата која стои зад неа. Имено, ви дозволува да сликате автомобил на некој ваш пријател и потоа да навлечете релативно веродостојно оштетување некаде на автомобилот. Погледнете на што мислиме!

Потоа, сликата со таквиот ефект ја испраќате или покажувате на „пријателот“ и му вадите памет. За веродојстоен ефект, многу зависи кога и како сте го фотографирале возилото и каков ефект ќе изберете. Имате на располагање различни ефекти, од гребнатинки, па се до поставени канџи, изрешетано крило од куршуми или запален автомобил. Сите ефекти дополнително ги прилагодувате со менување на големината, облиците, ориентација, светлина, оштрина, се со цел финалниот производ да е што е можно по реален.

Работата со Dude, your car! е крајно едноставна и се содржи од седум чекори. Внимавајте само со кого си имате работа и несакајќи да не предизвикате срцев удар на некого. Погледнете само како им вадат памет преку следново видео:

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

EVER NEAR DOO Skopje

Software Support Specialist

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Front End Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk