0 коментари 1 мин. читање

Исчистете ги непотребните работи од вашиот компјутер со PrivaZer

PrivaZer е бесплатна алатка која се одликува со стотици можности за различно скенирање и чистење колачиња, регистар, работна меморија, но и најразлични програми.

PrivaZer е особено ценет и поради можноста за бришење претходни верзии на Windows оперативниот систем, како и стари надополнувања. Ова се работи кои заземаат многу простор на хард дискот, а се нема никаква реална потреба од нив, особено доколку сте задоволни од стабилноста на системот.

За пофалба е тоа што корисничкиот интерфејс и скеновите кои се извршуваат се прилагодуваат во зависност од тоа дали сте почетник или напреден корисник. Со малку внимание имате доволно слобода да изберете што не ви треба и сакате да биде отстрането, а што сакате да остане на компјутерот.

PrivaZer можете да го преземете како инсталациона или пренослива верзија од официјалниот сајт.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top