Ирена Ефремовска: Македонската стартап заедница е самата стартап на кој треба многу да работиме

Силициумската долина е состојба на умот, а македонската стартап заедница е сама по себе стартап на кој треба сите да работиме, вели Ирена Ефремовска од Clear View тренинг центарот, организатор на првиот Startup Grind Skopje, закажан за 3-ти јуни. На настанот, кој е дел од глобалната Startup Grind заедница за вмрежување и едуцирање на стартапите, ќе се разговара за се што е потребно да се развие македонската стартап сцена, од споделување на искуства на локални стартапи и поврзување на ИТ талентите, до едукација за бизнис презентации пред инвеститори.

„Несомнено, истражувањата и праксата покажуваат дека има фактори кои ја зголемуваат веројатноста за еден регион да стане лулка за стартапи и иновации“, вели Ирена. „Зборуваме за повеќе димензии: интелектуална – истражувачки центри и технолошки паркови, соработка помеѓу универзитети и бизниси; правна – даночни поволности, финансиска регулатива, легален процес на започнување бизнис; финансиска: достапност на капитал и мрежи на инвеститори; економско-социјална: формални бизнис мрежи, но и неформални заедници за поддршка на претприемачи, мрежи на ментори; и најнематеријалната и најтешко-мерливата ментална димензија: култура на подготвеност за превземање ризик, истрајност и енергија… сите од кои се на сам зачеток во Македонија“.

Ирена, која е дел од бизнис центарот ClearView, вели дека не постои магија ако се следи формулата од Силицумската долина – да се отворат истражувачки центри, да се олесни данокот за ИТ компаниите и да се привлече капитал – бидејќи реалноста налага да се работи напорно на развивањето на стартап сцената, од дефинирање на стартапите до нивно промовирање пред публиката.

„Она што ми влева оптимизам е дека последниве години има движење на нашата стартап сцена. Ако до пред неколку години не се знаеше што е стартап, сега имаме успешни примери. Што е „стартап”, дали е само ИТ, и како ИТ може да биде клучен овозможувач за стартапи во други области како финансии, здравство, туризам, едукација, и мојата омилена тема: храна, ќе зборуваме на Startup Grind настаните.“

Првиот Startup Grind Skopje ќе се фокусира на позитивните искуства на локалната стартап сцена. Ќе го отвори Иван Димоски, основач на наградената македонска апликација TweetsPie, кој ќе зборува за креирање на успешен тим и како од идеја да се стигне до нејзина реализација. Целта на настанот е да се понуди поддршка на стартапите, да се поврзат талентите за една поголема цел, и да се истакнат локалните успешни пример кои ќе ја споделат приказната и ќе ги мотивираат другите да започнат свој иновативен бизнис.

Покрај позитивните примери, ќе се говори и за најголемиот проблем со кој се соочуваат македонските стартапи, а тоа се потешкотиите да стапат во контакт со инвеститори. Факт е дека луѓето со пари нема да го трошат времето бркајќи ги надежните компании, туку стартапите се тие што ќе трчаат. За почеток, за да биде полесно да се добие некоја финансиска помош, треба да се има локален екосистем во кој што се работи на нешто ново, вели Ирена. Но, треба да се има и претприемачи кои се едуцирани и умеат да го претстават својот иновативен бизнис модел пред инвеститорите. Затоа и презентациските вештини ќе бидат дел од програмата на Startup Grind.

„Потребни се формални и неформални напори за привлекување на инвеститори. Формални реферирам како напори за искористување инвестиции од типот на European Investment Fund. Така во Софија функционираат двата најголеми катализатори на стартап инвестиции LAUNCHub и Еleven кои имаа клучен придонес за развој на бугарската стратап сцена. Ова е во домеинот на владини, донорски и граѓански организации. А, од неформални истакнувам почести настани од типот на Startup Grind на кои даваме можност на потенцијалните инвеститори и претприемачи да се вмрежат. За поздрав се и иницијативите како на пример Super Founders, Let’s fund it, Global Game Jam во Македонија и други локални активности“.

Без врска дали локален стартап таргетира локална публика, или како повеќето цели кон глобалниот пазар, Startup Grind Skopje ќе биде настан на кој што може да се научи нешто повеќе за стартапите, дури и да се запознаа актерите на оваа мала сцена која може да биде уште поголема и поиновативна. Настанот e закажан за 3-ти јули, и сите ентузијасти и стартапи се поканети.

[youtube]vTmO9wMVgaY[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk