Chrome OS сега изгледа повеќе како Windows отколку како прелистувач

5 коментари 1 мин. читање

Google ја претстави најновата верзија за програмерите на својот оперативен систем Chrome која го има најновиот редизајн на интерфејсот.

Тоа што е ново е што сега Chrome OS повеќе изгледа како оперативен систем, отколку како прелистувач што многумина првично мислеа, вклучувајќи го и ко-основачот на Google, Сергеј Брин, дека идејата е да го вметне овој ОС во ноутбукови и лаптопи кои ќе служат само за прелистување на веб сајтови и ќе се користат само веб апликации, наспротиви инсталирање на традиционален софтвер за кој е потребно малку подобра машина да се стартува.

Но, таа идеја за ОС и прелистувач се чини дека не ги задоволува амбициите на Google. Новиот Chrome OS има Launchpad за стартување на апликации, налик на тој на Mac OS X, и „shelf”, како што Google го нарекува таскбарот налик на тој на Windows.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед