Стартапот Instacart чија цел е да овозможи дистрибуција на свежо овошје и зеленчук на барање на корисници, доби инвестиција од 44 милиони долари од Andreessen Horowitz, едни од најголемите ангел-фондови од Калифорнија.
Услугата на Instacart е нешто слично на Amazon за дистрибуција на зеленчук, корисниците ги нарачуваат производите, а потоа сервисот ги доставува од најблиската продавница. Instacart на корисниците им овозможува достава на продукти во 10 градови во САД помеѓу кои Сан Франциско, Њујорк, Чикаго, Филаделфија, Остин, Бостон. Со оглед на тоа дека нема ограничување за кој може да ги врши испораките, доаѓањето и воспоставувањето на услугата во нов град е брзо и не трае повеќе од шест недели.
Сервисот во последните 9 месеци забележи пораст на заработката за 15 пати, а во постојан пораст е и бројот на градови каде што корисниците можат да си нарачаат производи. Ко-основачот на Instacart, Апорва Мехта вели дека во секој следен град сервисот се побрзо се прифаќа, пренесува Techcrunch. Новата инвестиција ќе овозможи стартапот да ја понуди услугата во 17 нови градови во САД до крајот на годината. Со оваа инвестиција Instacart собра 55 милиони долари, а нивни инвеститори се Sequoia Capital, Khosla Ventures и Canaan Partners.







