MediaTek, тајванска компанија која произведува софтвери и процесори за ефтини паметни телефони, потпиша договор со Facebook, со кој оваа друштвена мрежа ќе биде вклучена во мобилните решенија на MediaTek, со што ќе им се овозможи на земјите во развој пристап до Facebook. Ова е уште еден обид на оваа друштвена мрежа да го зголеми своето влијание на мобилниот пазар. Денес скоро 350 милиони корисници пристапуваат до друштвената мрежа преку Facebook.
Facebook ќе биде длабоко интегриран во платформа на MediaTek која има за цел да им овозможи на милиони корисници да уживаат во богатото онлајн искуство претходно достапно само на скапите паметни телефони. Со оваа интеграција Facebook ќе успее да допре до корисниците кои доаѓаат од земјите во развој.
Производите на MediaTek се користат во паметни телефони чија цена се движи под 50 долари. Минатата година, производите на MediaTek се имаат искористено во 500 милиони паметни телефони. Во Индија, 40 отсто од паметните телефони вклучуваат производи на MediaTek. Kомпанијата соработува со производителите Spice Group и Micromax од Индија, Cherry Mobile од Филипини, и Nexian од Индонезија.