Официјалниот дистрибутер за Apple телефоните за Македонија iStyle, најави дека новиот iPhone пристигна и во Македонија.
Она што можеби е малку чудно е што iStyle организира полноќна продажба, еден месец по официјалната продажба. Доколку ова не ви пречи, имаме добри вести! Настанот ќе го водат Гораст Цветковски и Сашко Коцев, а тие секојпат се забавни.
Освен достава за телефоните за корисниците кои веќе ги порачале своите уреди, настанот нуди можност и за купување на уред и за оние кои не го направиле ова. Сепак бројот на телефони е ограничен, па заинтересираните можеби треба да дојдат порано или да направат преднарачка на сајтот на продавницата.
Полноќните лансирања се вистинска реткост во Македонија, особено во ваков стил. Сепак интересно е што во најголем дел од останатите држави времето на редици кои чекаат во продавни полека изминува, а кај нас допрва почнува.
Цените за овој уред, според информации споделени од iStyle, се:
iPhone 7
- 32 GB – 48.990 денари
- 128 GB – 56.390 денари
- 256 GB – 63.590 денари
iPhone 7 Plus
- 32 GB – 57.990 денари
- 128 GB – 65.290 денари
- 256 GB – 72.590 денари
достапни бои се: сребрена, златна, розе златна и црна мат.
Продавницата се наоѓа во Skopje City Mall, а настанот е закажан за 13. октомври во 23:00. Повеќе податоци на Facebook страницата на настанот.
Дополнително и Neptun исто така има активна кампања за промоција на iPhone 7, со достапен датум за продажба од 14. октомври.







