0 коментари 1 мин. читање 5 јули, 2011

iPad генерира 1% од глобалниот интернет сообраќај

Можеби еден процент е малку, но вкупно мобилните уреди генерираат 5-те отсто од глобалниот интернет сообраќај. Овој процент е исто така само по една година од претставување на iPad кој до сега се продаде во 25 милиони парчиња. Растечките бројки на продажбата и се почестото сурфање преку iPad по месец покажува дека трендот ќе продолжи.

iPad-от генерира 54 пати повеќе глобален интеренет сообраќај од најблискиот конкурент – Samsung Galaxy Tab кој работи на Android, oдносно 76 пати повеќе од трето-рангираниот Motorola Xoom. Што се однесува на глобалниот сообраќај само преку таблет компјурети, скоро 90% се генерира преку iPad.

Интересно, ако се погледне во САД каде стартуваат и ИТ трендовите, iPаd веќе има 25% дел од мобилното прелистување, a iOS преку iPаd е покористен од Linux оперативниот систем.

(via Apple Insider)

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}