Facebook ја блокираше апликацијата за експортирање на пријателите

„Oва се случува кога вашата екстензија ќе стане многу попозната :sigh:. Facebook само што ги тргна имејловите од нивниот мобилен сајт. Тие воведоа механизам кој доколку посетите околу 5 пријатели за кратко време, тој ќе ги тргне имејловите“, вели Мохамед Мансур, креаторот на Facebook Friend Exporter апликацијата, додавајќи дека апликацијата нема да работи за многумина.

Апликацијата, која постоеше уште пред стартуваше на Google+, ги користеше имејловите излистани на Facebook за да ги извлече контактите кои потоа ќе се додадат (импортираат) во друштвената мрежа на Google.

Но, алатката дозволуваше исто така да се извлечат родендени и телефонски броеви, што може да му даде изговор на Facebook дека се работи за корисничка приватност и дека извлекување на податоци е против Условите за користење на Facebook во кои се вели дека „нема да се користи автоматска алатка за собирање информации како ботови, роботи, скрејпери, без наша дозвола“.

Сепак, лутиот програмер Мансур вели ќе продолжи да работи на нова верзија на алатката.

„Без грижа, работам на нова верзија… И сум баш изнервиран заради ова бидејќи ова докажува дека Facebook е сопственик на сите кориснички податоци на Facebook. Вие не поседувате ништо! Ако јас бев вие, ќе се дигнев бука во медиумите повторно.“, вели програмерот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@ZlatenZanaet
11 years ago

Сум завршил, на време работа.

Влатко Стојанов
Влатко Стојанов
11 years ago

Низок удар