5 коментари 2 мин. читање 12 јули, 2013

Инжeнер направи 3Д принтер од лего коцки

Цените на 3Д принтерите се во пад, па некои од нив денес чинат само стотина долари. Но, ако и ова е прескапо, тогаш можете да го следите примерот на Метју Кругер кој состави 3Д принтер речиси исклучиво од лего коцки, пишува CNet.

Недостигот на средства да купи вистински Makerbot, го натераа студентот по инженерство, Метју Кругер, сам да си креира 3Д принтер. Принтерот е речиси целосно изработен од лего коцки, па затоа го има името Legobot. Покрај лего коцки направата е составена и од Lego Mindstorm NXT и четири напојувања. Електромоторите кои се користат се производство на Lego, а дел биле користени во VHS камера. Како глава на принтерот се користи расклопен пиштол за лепење.

Со оглед на тоа дека наместо пластика за принтање користи пиштол со лепило, лего коцките принтаат со помал квалитет од принтерите од продавница, што е и според очекувањата, нели? Сепак доколку ги имате деловите дома, цената на принтерот би била минимална. Г. Кругер ги сподели и плановите за изработка на уредот.

[youtube]1IsR-GGL8-g[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
5 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Dvoen komentar
Dvoen komentar
13 years ago

Dvoen komentar

Лектор
Лектор
13 years ago

Треба да стои „Инженер“ наместо „Инжинер“.

Лектор
Лектор
13 years ago

Треба да стои „Инженер“ наместо „Инжинер“.

Виктор Дано
13 years ago
Reply to  Лектор

Благодариме на забелешката.

Виктор Дано
13 years ago
Reply to  Лектор

Благодариме на забелешката.

Мени
Заедница
Изглед
To top