Инвеститорите го тужат Facebook, Марк Закерберг и банките за лажирање на финансиски извештаи

Инвеститорите во мрежата поднесоа тужби против Facebook, Mark Zuckerberg, Morgan Stanley и банките, обвинувајќи ги дека ги лажирале извештаите кои прикажуваат „значително опаѓање“ на идните приходи засновани на зголемениот користење на мобилните апликации, пишува Reuters.

Facebook минатата недела излезе на берзата, но вредноста на акциите опаѓа постепено, моментално се намалени на 18 отсто, на 31 долар по акција од првичните 38 долари.

Инвеститорите се загрижени дека биле прелажани да платат повеќе за акциите кога беа пуштени на берзата во петокот. Во тужбата поднесена до суд во Њу Јорк, има уште една поднесена во Калифорнија, се вели дека аналитичарите ги намалиле своите бизнис прогнози пред Facebook да излезе на јавно надавање, но тие промени биле „селективно дадени од обвинитените до одредени фаворизирани инвеститори“ наместо да бидат објавени јавно.

Facebook одби да коментира за тужбите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments