Интернетот во 2013 според Cisco

0 коментари 2 мин. читање

{mosimage}Преку Visual Networking Index иницијативата, Cisco ги следи сите случувања и трендови обидувајќи се да го предвиди текот на интернет вмрежувањето. Последниот извештај кој Cisco го објави е предвидување за насоката на глобалниот ИП интернет сообраќај и како тој ќе изгледа во 2013 година.

На кратко вкупниот интернет сообраќај ќе се зголеми на 56 ексабајти месечно во 2013, споредено со 9 ексабајти на месец во 2008 година. Од тоа 90 отсто од интернет сообраќајот ќе отпаѓа на видео материјал и споделување на фајлови. (1 ексабајт = 1 милијарда гигабајти)

Еве ги деталите за прогнозата:

  • Годишниот интернет сообраќај ќе надмине 2/3 од зетабајт (667 ексабајти) за 4 години. Интернет сообраќајот ќе се зголеми четири пати до 2013 година.
  • P2P споделувањето се зголемува количински, но се намалу процентуално од вкупниот ИП сообраќај. Моментално на P2P отпаѓаат 3.3 ексабајти месечно.
  • Денес онлајн видеото е една-третина од интернет сообраќајот, без да се вклучи споделувањето на видео преку P2P мрежите.
  • Сите форми на видео (ТВ, видео на барање, интернет и P2P) ќе одземат 91 отсто од глобалниот интернет сообраќај во 2013 година. Само интернет видеото ќе одземе 60%.
  • Комуницирање преку видео се зголемува и до 2013 ќе се зголеми десет пати.
  • Интернет телевизија ќе биде 4 отсто од сообраќајот.

Слично предвидување има и за информациите кои се пренесуваа преку мобилните мрежи. Се очекува мобилниот сообраќај да се дуплира секоја година до 2013 година, нешто што сега е лесно остварливо со новите „паметни“ телефони, и како и со интернетот, 64 отсто од мобилниот сообраќај ќе биде видеото.

{mosimage}

{mosimage}

Има и интересно предвидување за интернет сообраќајот според регионите:

  • ИП сообраќајот најбргу се развива на Средниот Исток и во Африка со 1 ексабајт месечен сообраќај во 2013 година.
  • Во Северна Америка ќе достигне 13 ексабајти месечно во 2013 година или 2.4 милијардни ДВД-ија.
  • Во Западна Европа ќе биде 12.5 ексабајти во 2013.
  • Во Централна и Источна Европа ќе достигне 2 ексабајти месечно во 2013 или 340 милиони ДВД-ја. Исти бројки се и за Латинска Америка.
  • Во Азија ќе биде 21 ексабајт месечно, а во Јапан 3 ексабајти месечно во 2013 година.

{mosimage}

И двата документа кои се однесуваат на прогнозата на Cisco можете да ги најдете во .pdf формат.
– Hyperconnectivity and the Approaching Zettabyte Era

– Cisco Visual Networking Index
Forecast and Methodology, 2008–2013



Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед