Fotopedia, Wikipedia за фотографии

во Веб

{mosimage}Вчера се објави Fotopedia, фото енциклопедија или барем така треба да биде конечниот производ. Различна е од Flickr и Picasa каде фотографиите се споделуваат и се организираат според корисниците, но за разлика од нив Fotopedia ги организира фотографиите и им додадава дополнителни информации.

Fotopedia е мешавина од енциклопедија и друштвена мрежа, микс кој веќе станува стандард при градење на вакви сајтови со содржина генерирана од корисниците. Fotopedia е слична на Wikipedia бидејќи дозволува корисниците да си објавуваат свои фотографи, но ново е што корисниците ќе можат тие фотографии да ги рангираат и фотографиите со најдобар ранк ке се појават на почетните страни. Fotopedia е и друштвена мрежа бидејќи секој корисник кој ќе закачи фотографија ќе има и свој профил преку кој може да комуницира со другите корисници и да си споделуваат фотографии.

{mosimage}

За да се вклучите во споделувањето на фотографии ќе треба прво да се регистрирате и да го симнете малиот Fotopedia клиент (16 мб), кој е надворешен софтвер, односно не е поврзан со прелистувачот но функционира како таков, преку кој можете да си го средите профилот.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments