Меркел предложи Европскa мрежа како заштита од масовното прислушување

Германската канцеларка Ангела Меркел, чиј приватен телефон беше прислушуван од NSA, предлага борба против масовното шпионирање со креирање на Европска мрежа. Се очекува ова да биде едена од темите на разговорите неделава на средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд. Според очекувањата, г. Оланд, и самиот критичар на активностите на американските власти, ќе ја поздрави соработката на ова поле.

„Пред се ќе зборуваме со европските провајдери за да ја зголемиме приватноста на нашите граѓани, кои нема да мораат да ја испраќаат својата електронска пошта преку Атланитикот. Наместо ово можеме да изградиме комуникациска мрежа во Европа.“

Причината за креирање на европска мрежа e што главните центри на популарните интернет омпании како Yahoo, Google или Microsoft се наоѓаат во САД, па Агенцијата за национална безбедност (NSA) може полесно и често легално да го прислушува протокот на информации кои доаѓаат до серверите. Приватноста на граѓаните во Германија е на највисоко ниво, пред се поради грешките од минатото како во времето на нацистичка Германија кога властите ги прислушуваа сите, така и во периодот на студената војна кога ФСБ ги прислушуваше Германците, потсетува BBC.

„Многу држави имаат помало ниво на заштита на податоците од Германија, а ние не сакаме закоите за приватност да ни се разводенуваат. Компаниите како Google или Facebook ќе можат да ги постават своите дата центри во државите со најмала гарантирана приватност… Ова е недозволиво во Европа“, вели г-ѓа Меркел.

Барањето на г-ѓа Меркел е предизвикано од контраверзните податоци кои ги изнесе Едвард Сноуден, кои покажуваат дека САД преку NSA ги прислушува дури и своите европски сојузници. За воља на вистината информации за прислушување се појавуваат и за европските држави, пред се Велика Британија и Франција, но и за Германија.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk