Интернет провајдерите не треба да имаат одговорност за пласираните информации, вели ЗНМ

во ИТ.МК, Статии

Потребно е да се почитуваат европските стандарди според кои провајдерите немаат одговорност за пласираните информации ако не знаеле за нелегалните активности, вели извршниот директор на Здружението на новинари, Драган Секуловски. Здружението на новинари (ЗНМ) соработуваше со експертите кои го составуваат предлог-законот за навреда и клевета кој денес ќе биде дискутиран по втор пат во Собранието. Законите се усвојуваат по трето читање.

Контроверзниот предлог-закон, поточно членот 11 кој се однесува на одговорноста на провајдерите на интернет-услуги, принуди некои македонски сајтови и блогови да се затемнат во знак на протест против членот 11. Според активистите, законот ќе им наметне одговорност на провајдерите кои пак, за да ја избегнат одговорноста и казните од десетици илјади евра, ќе започнат да цензурираат (блокираат) содржини и сајтови. Проблем е исто така што навредениот, а не судски налог, ќе може да побара отстранување на содржина во рок од 7 дена.

Сепак, провајдерите (кои обезбедуваат пристап до интернет и хостинг) се заштитени со презумпцијата за невиност, односно, како што објаснува г. Секуловски, Директивата на ЕУ за е-трговија 2000/31/ЕК е на страна на интернет провајдерите.

„Нашите забелешки кои се однесуваат на член 11 од Предлог законот, се во насока на почитување на стандардите кои се предвидени со Директивата на ЕУ за е-трговија 2000/31/ЕК во членот 14, според кој провајдерите немаат одговорност за пласираните информации ако не знаеле за нелегалните активности или информации или не биле свесни за фактите или околностите од кои имаат произлезено нелегалните активности или информации.“

Но, дури и ако се разјасни одговорноста на интернет провајдерот, членот 11 продолжува да е нејасен поради терминот „провајдер на интернет-услуги“. Со овој термин може да може да се дефинира и веб сајт, форум, па дури и да се мисли на друштвени мрежи. Дали Facebook, каде често се објавуваат навредливи содржини, ќе сноси одговорност, или пак модераторите на фан страната? Дали веб сајт ќе сноси одговорност за оставен коментар од трето лице? Овие прашања остануваат да се дообјаснат.

„Не можам да кажам со сигурност што се предвидува бидејќи конкретниот член и за мене лично, искрено е малку непрецизен и токму затоа очекувано е истиот да биде преработен. Секако, праксата вели дека одговорност би имал оној субјект кој има ефективна контрола на информациите пласирани или пак нема контрола, но му било укажано за нелегална активност/нелегална информација од страна на друг субјект и зададен му е рок од надлежен орган да превземе превентивни мерки.“

Г. Секуловски се надева дека поднесените забелешки до Собранието од ЗНМ, други новинари и граѓански организации ќе бидат прифатени и дека членот 11 „ќе претрпи измени во насока на овозможување на поголема слобода на јавното изразување.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
novica
13 years ago

Директивата се наоѓа на: http://eur-lex.europa.eu/LexUriServ/LexUriServ.do
Тоа е директива за е-трговија, нејзината намена е сосема поинкава. Зборовите "insult" и "defamation" и "libel" не се појавуваат никаде во текстот.