{mosimage} Google е заедно со Оpera и Mozilla во борбата против доминацијата на Internet Explorer. Гигантот поднесе поплака до Европската Унија да побара од Microsoft да вклучат екран за избор на прелистувач при инсталација на Windows оперативниот систем, вели извор на Bloomberg, кој останува анонимен бидејќи овие поплаки не се јавни.
Претходно Opera се побуни за доминацијата на Internet Explorer(IE) прелистувачот кој држи околу 70 отсто од пазарато, Европската Комисија излезе со интересно решение. Бидејќи IE се инсталира со Windows кој е доминантен оперативен систем (околу 80% од луѓето користат Windows), Комисијата предложи Microsoft да вметне екран за избор на прелистувач при инсталација на оперативниот систем. Опцијата ќе ги содржи останатите прелистувачи и ќе му овозможи на корисникот да си избере кој прелистувач сака на својот компјутер.
Microsoft го прифати тоа, но подоцна ја изменија одлуката и рекоа дека IE ќе се инсталира со Windows поради проблем со доставување на софтверот. Кога ќе се отвори за прв пат IE на корисникот ќе му се понуди избор за прелистувач кој само ќе го замени Internet Explorer како зададен (default) прелистувач.
{mosimage}
Ова според Opera е проблем бидејќи „корисникот треба да потврди и одговори чудни и нејасни прашања. Microsoft итро најде начин да ја прифати одлуката на Kомисијата за екран за избор, но до денес таа опција е неефикасна“ изјави Tомас Винџе, адвокатот на Opera, за Wall Street Journal.
Windows 7 се очекува да биде објавен при крајот на октомври, почеток на ноември. Дали или не ќе биде со вграден IE за корисниците во Европа, останува на eвро-комесарката за конкурентност на пазарот Нели Кроес вели дека сака да го заврши случајот пред крајот на својот мандат кој истекува на 31 октомври.
А какво е размислувањето на Microsoft за овој случај?
Стив Балмер, директорот на Microsoft, во интервју за TechCrunch (пишував за првите два дела, можете да ги видите тука) вели дека е доцна за таквото размислување.
„Jaсно е дека во 2009 година, идејата за оперативни системи кои се независни од интернет пристап без можност да користат важни работи од интернет не е добар концепт. Во секоја легална расправа што сме биле луѓето се согласуваат со тоа“ вели г-дин. Балмер кој додава дека и Google гледа на прелистувачот како посебен оперативен систем(OS), затоа и нивниот OS се вика Chrome исто како и прелистувачот.
„Тоа што е нејасно е кој е економскиот план на другите што се натпреваруваaт со нас на пазарот на прелистувачи. Дали е се за контролирање на пребарувањето или за нешто друго?“ прашува г-дин. Балмер во третиот дел од интервјуто на TechCrunch кое е
доста интереснo. Има и дел каде г-дин. Балмер објаснува кои средства се користат да се нападне Windows.
Целото интервју можете да го најдете на TechCrunch, a можете да го причитате и на македонски. (Преведено е со Google Тranslate па преводот може да биде чуден)






