Intel претстави процесор со 50 јадра

во Хардвер

Intel на конференцијата за суперкомпјутери SC11 во Сиетл претстави следна генерација на процесори за суперпресметување базирани на архитектурата на повеќе интегрирани јадра (MIC). Станува збор за мал процесор, наречен Knights Corner, кој во себе содржи 50 јадра, давајќи му сила на процесирање од еден терафлоп.

Intel во 1997 го има претставено првиот суперкомпјутер кој успеал да достигне сила од еден терафлоп. За да дојдат до оваа сила, Intel имаат искористено 9.298 Pentium II процесори, зафаќајки 72 компјутерски куќишта. Сега, после 15 години, сета таа моќ може да биде создадена од еден мал процесор, кој во иднина би можел да се најде и во таблет компјутери. Како споредба, моментално најбрзиот процесор Core i7 достига сила од 109 гигафлопови.

Намената на новиот Knights Corner процесор не е да биде водечката сила на компјутерот, туку да му помага на друг процесор кога треба да се извршуваат тешки задачи. Се разбира, крајната цел на овој процесор е да се најде на мобилните уреди, но додека да се случи тоа ќе помине одредено време бидејќи Intel сè уште работи на него, обидувајќи се да го реши напојувањето со електрична енергија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments