Intel направи сериозен напредок со својот квантен процесор

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Хардвер

https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=51195437

Саемот за електроника CES 2018 ја доби првата поголема вест. Intel објави дека имаат голем напредок во својот квантен процесор.

Компанијата го претстави својот 49-кубитен квантен процесор. Intel тврди дека ова е следниот чекор кон квантна супериорност. Пред само 1 месец компанијата претстави 17-кубитен квантен компјутер. Брајан Крзанич вели дека за производство и за комерцијална употреба се потребни уште 5 до 7 години развој. И овој процесор ја следи праксата на Intel за именување и доаѓа под името „Tangle Lake“.

Секако ова не беше единствената работа која луѓето сакаат да ја слушнат од директорот на компанијата, г. Крзанич. Тој објави дека досега нема податоци за евентуална злоупотреба на Meltdown и Spectre пропустите. Еден од проблемите се жалбите на дел од клиентите дека нивните системи по закрпите се побавни од претходно.

„Очекуваме на некои оптоварувања поголемо забавување отколку на други. Профолжуваме да соработуваме со индустријата за да го намалиме влијанието на овие оптоварувања во иднина“, додаде г. Крзанич.

Intel не е единствената компанија со квантен процесор. IBM го презентира својот 50-кубитен компјутер.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk