Onlive беше сервис кој им дозволуваше на гејмерите да ги играат и најголемите ААА игри на компјутери со исклучително слаб хардвер, игри како Batman: Arkham City се „покренуваа“ на десет години стар лаптоп така што се користеше интернет конекција за да се користат харверските ресурси на исклучително моќните компјутери на Onlive. Но, гејмерите некако не беа спремни да го подржат ваквото нешто и по пет години функционирање, Onlive згасна.
GeForce Now е клауд гејминг платформата на Nvidia и има за цел да ја оствари мисијата која беше започната од Onlive и Gaikai (уште еден ваков сервис). Софтверот навлезе во бета тестирање и овозможува покренување на над 160 игри со графиката на максимум и со 120 фрејмови во секунда. Ваквото гејмерско блаженство го добивате од комфорот на исклучително слаби конфигурации, како Intel Core i3 CPU, 4GB RAM и каква било графичка која подржува DX9. Бета верзијата се испорачува и за Mac корисниците.
Најголемата побарувачка се одгледа во интернет конекцијата и за непречено и максимално уживање во наслови како Call of Duty: WWII, Middle-earth: Shadow of War, PUBG, Rainbow Six Siege и Wolfenstein 2 потребна ви е конекција со 50Mbps, минималната брзина е 25Mbps. Дополнително, ќе ви треба и 5GHz бежичен рутер или ethernet прилучок.
„Процесот на закрпи, конфигурации на игри и надградба на драјвери е автоматизирана од GeForce Now инфраструктурата, а на игрите им треба триесетина секунди за да се инсталираат“, објаснуваат од Nvidia и додаваат дека сејвовите, достигнувањата и други прилагодувања исто така автоматски се синхронизираат со дигиталната платформа преку која ја покренувате играта.
Кога сме кај платформата, GeForce Now подржува игри од Steam и Uplay, a целата листа од игри можете да ја видите тука!
Пристапот до бетата е од затворена природа и првин мора да се пријавите на листа за чекање. Доколку се извлече вашата имејл адреса, бета тестирањето е бесплатно. Надвор од бетата, се очекува GeForce Now да чини 25 евра за 20 часа играње на конфигурација со GTX 1060, или неверојатни 25 евра за 10 часа на конфигурација со GTX 1080.
Знаејќи го ова во предвид, едноставно мора да се запрашате за кого е оваа услуга, затоа што оној кој е финансиски способен да плаќа 1250 денари за интернет секој месец и 1500 денари за само 10 часа гејминг сесија сигурно е доволно способен да купи сосема солидна конфигурација со GTX 1060, по цена од неполни 40 000 денари. Само за споредба, Onlive нудеше цел месец користење на нивните компјутери за неполни 600 денари. Најголема предност на ова би можело да е исполнување на гејминг-во-движење филозофијата каде сте надвор од дома и едноставно морате да го добиете вашиот PUBG фикс за денот. Но, дури и во такви ситуации, условите за интернет побарувачката мора да се исполнети.