Amazon започна на своите корисници да им ја нуди Amazon Prime Music услугата. Сервисот е дел од Prime услугата која за претплата од 99 долари, покрај подобри услови за испорака, пристап до video-on-demand услугите, ексклузивни ТВ-серии, навистина многу книги во Kindle-бибилиотеката, сега овозможува и слушање музика од каталогот на Amazon.
Најголемата продавница има договори за соработка со Sony и Warner Music кои овозможуваат милиони песни, и стотици плеј листи да им бидат достапни на претплатниците неограничено и без реклами. Се разбира компанијата ќе ги искористи податоците за производите кои веќе ги имате купено за да ви понуди релеванта листа на песни за слушање.
Со овој потег Amazon станува конкуренција на Apple на уште едно поле покрај продажбата на таблет компјутерите. Покрај тоа што сервисот е конкуренција на iTunes Radio, Spotify, Pandora, сепак се чини дека Amazon Prime Music е наменета како поддршка на Prime услугата која неодамна значително ја зголеми цената на претплатата. Сервисот доаѓа со 30 дена пробен период, но за жал засега е достапен единствено за корисниците од САД.
[youtube]_3GMosPnBCI[/youtube]







