0 коментари 1 мин. читање

Intel ја одбележа својата 50 годишнина со најбрзиот процесор досега

По повод 50 години Intel, компанијата претстави нов процесор, најбрз досега. Пред да почнете со славје, Core i7-8086K доаѓа во ограничена серија. Ќе бидат произведени само 50 000 процесори.

Можеби веќе ви забележавте 8086 е бројката на процесорот на Intel искористен во првиот IBM PC, една од најпопуларните верзии на компјутерот беше XT. Ова е првиот процесор со x86 дизајн. Со ова Intel одбележува уште еден јубилеј, 40 години од Intel 8086.

Процесорот е Coffee Lake и е надградба на Core i7-8700K. Основната фреквенција на која работи процесорот е 4.0 GHz, а со „single core turbo“ достигнува 5 GHz. Ова би требало да значи дека при максимално оптоварување, четирите јадра би работеле на 4.6 GHz. Ова е 300MHz повеќе од можностите на i7-8700K.

Од 50 000 i7-8086K процесори кои ќе бидат произведни, симоблична бројка од 8086 процесори ќе бидат подарени. Заа жал Македонија не  е дел од регионите во кои може да учествувате во оваа наградна игра.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top