Asus претстави компјутер со дополнителен дисплеј, кој најверојатно не ви е потребен

Image courtesy of Asus / YouTube

Не е прв пат да видиме лаптоп кој доаѓа со дополнителен дисплеј кој е поставен на тачпадот. Ниту досега, а ниту отсега ова нема да биде пресудно кога ќе купувате лаптоп. Сепак Asus на својот ZenBook Pro модел на лаптоп му додаде токму ваков елемент. Компанијата го претстави лаптопот на Compuex во Taipei.

Иако Asus тврди дека ова е првиот паметен тачпад, досега сме виделе и модели на лаптоп во кои можеше да се приклучи паметен телефон на местото на тачпадот.

Токму овој 5.5 инчен дисплеј го прави лаптопот лесно препознатлив. Овој екран може да се користи за лансирање на апликации, а како калкулатор или како дополнителна нумерчка тастатура. Ако сте премногу продуктивни, тогаш на тачпадот може да си пуштате видеа кои ќе ви пречат додека работите.

Една од предностите е флексибилноста на контролата која во исто време е и дисплеј. Доброто е што менувањето од еден во друг мод е супер едноставно и се прави со притискање на F6.

Постои и можност за додавање на специјализирани шорткати во зависност од софтверот. Дали ваков променлив екран ви делува познато? Горната тач лента на MacBook Pro нуди слични можности. Можноста за додавање на шорткати звучи примамливо, но штом еднаш ги научите, тешко дека некој ќе ве убеди да ги префрлате.

Инаку лаптопот доаѓа со повеќе од  солиден хардвер. Процесорот е U: Intel Core i9-8950HK, Core i7-8750H или Core i5-8300H; 16 GB RAM; графичка картичка Nvidia GeForce GTX 1050 Ti 4GB; 1TB или 512GB PCIe SSD, 512GB или 256GB SATA SSD.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk