Intel Haswell процесорите се енергетски поефикасни, таман за таблет компјутерите

0 коментари 1 мин. читање

Intel најавува дека следните генерации на Ivy Bridge процесорите ќе бидат енергетски поефикасни, јавува CNET. Најавите се дека идните процесори ќе трошат околу 10 W, што е значително помалку од најефикасниот Intel-ов процесор, инсталиран во MacBook Air које е 17 вати.

Новата Haswell архитектура треба да го намали загревањето и чиповите на Intel да станат уште поконкурентни. Ова намалување на моќноста ќе овозможи i5 процесорите да се користат во се повеќе таблет компјутери, иако и во моментов Surface Pro доаѓа со Ivy Bridge i5 процесор.

CNET прогнозира дека во моментов најголема корист од ова би имале производителите на Windows 8 таблет компјутери, на кои им е потребен помоќен процесор. Во моментов тоа е решено со таблет комјутери кој доаѓаат со „лесна“ верзија на оперативниот систем, односно Windows RT.  Ова ќе овозможи и подолго траење на батеријата без последици на перформансите на таблет компјутерите.

Иако Haswell е веќе во поодмината фаза на тестирање, се очекува првите процесори да се појават во продажба на почетокот на 2013 година.

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед