Intel претстави нов бренд на графички картички, софтвер и услуги под името „Arc“. Заедно со најавата за „Arc“ компанијата ја најави и својата прва дискретна графичка картичка Alchemist за 2022 година.
Alchemist ќе биде достапен на десктоп и на лаптоп компјутерите на почетокот на следната година и компанијата најавува дека ќе бидат конкуренција со AMD и Nvidia. Во кусо видео може да погледнеме дел од можностите во неколку видеоигри. Mount & Blade Bannerlord, Forza Horizon 4, PsychoNauts 2, PUBG, Subnautica, Metro Exodus, Days Gone се дел од игрите во краткото видео за најава.
Покрај Alchemist, компанијата веќе ги најави и имињата на следните генерации на графички. Battlemage, Celestial и Druid се имињата на дел од графички картички од следните генерација.
Графичките картички се базирани на Xe HPG микро-архитектура. Покрај ова веќе се најавени уште неколку варијанти кои ја споделуваат архитектурата, но се помалку моќни (Xe-LP) или повеќе моќни (Xe-HPC).
Повеќе детали и информации за можностите на картичките се најавени за подоцна оваа година. Од она што е веќе споделено единствено знаеме дека Alchemist ќе доаѓа со хардверски ray-tracing и супер-семплирање потпомогнато од вештачка интелигенција.