Британија најави закон со кој побара од развивачите на апликации кои користат „end to end“ криптирање кое ќе го употребуваат владините агенции. Слични барања имаат повеќе држави, но креирањето на „заден влез“ во апликациите е ужасна идеја.
Ова е ставот и на Роберт Ханиган, поранешен директор на британската разузнавачка агенција GCHQ. „Подобрата заштита е добра работа – поради ова сме безбедни. Креирањето на задни влезови е закана за сите и не е добра идеја да се ослабне безбедноста на сите, за да се олесни следењето на некои цели“, вели г. Ханиган за BBC.
Секако безбедноста е важна. Бројот на нападите пред се во Британија е се поголем. Ова не значи дека треба да им се овозможи на сајбер криминалците простор преку кој ќе можат да пристапат до сите граѓани.
Едно од можните решенија е таргетирано следење на осомничените екстремисти. Пристап до уредот и следење само на нивната комуникација пред да биде криптирана. За ова може да се искористи „key-logger“ или сличен софтвер кој може да ја следи комуникацијата иако каналот по кој се испраќа пораката е криптиран.
Министерката за внатрешни работи Амбер Руд претходно побара да се дозволо следење на комуникацијата на сите платформи за споделување на пораки. Без разлика дали станува збор за WhatsApp, Viber или Telegram.
„Не е прифатливо да постојат места каде терористите може да се скријат. Мора да обезбедиме организациите како WhatsApp и многу други да не можат да бидат прибежиште каде терористите комуницираат“, вели Амбер Руд.
Слични обвинувањеа имаше и по нападот во Париз на концерот на „Eagles od Death Metal“. Тогаш истрагата покажа дека терористите ниту го користеле „скриениот интернет“ (Dark Web) ниту користеле апликации кои ја криптираат нивната комуникација.







