Популарната апликација Instagram сега има над 80 милиони корисници кои споделија скоро 4 милијарди фотографии. Откако Facebook го купи Instagram за една милијарда долари, многумина претпоставуваат дека тоа ќе значи крај за двегодишинот стартап со 14 вработени.
Но, сепак Instagram остана самостојна iOS и Android апликација чија популарност се забележува и во Македонија. Само вчера беше стартуван прв Instagram конкурс, и се одржа првиот собир за инстаграмџии во Зоолошката во Скопје. Фотографии од овој настан ќе погледнете тука.
Интересно, Android одигра клучна улога на овој раст на Instagram. Пред Android верзијата, која беше објавена во април, Instagram како екслузивна iOS апликација имаше „само“ 30 милиони корисници соберени во своите две години. По Android верзијата и аквизацијата од Facebook, и двата настани се случија меѓу 4 и 9 април, популарноста на Instagram доби на моментум и собра околу 50 милиони нови корисници во само 3 месеци.
Вака се одвиваше растот на Instagram:
- Окт. 13 2010: 100,000
- Окт. 20 2010: 200,000
- Окт. 28 2010: 300,000
- Дек. 21 2010: 1 милион
- Фев. 01 2011: 1,75 милиони
- Фев. 15 2011: 2 милиони
- Мај 03 2011: 3,6 милиони
- Мај 26 2011: 4,4 милиони
- Окт. 31 2011: 12 милиони
- Дек. 5 2011: 14 милиони
- Јан. 24 2012: 15 милиони
- Mај 11 2012: 27 милиони
- Мај 1 2012: 50 милиони







