0 коментари 1 мин. читање

Inspiron Chromebook 14 од Dell е конкурент на Pixelbook

Dell претстави нови лаптоп компјутери. Ова секако не е никаков новитет, но Inspiron Chromebook 14 е прв Chromebook уред од висока класа од Dell. Ова не е ниту прв Chromebook од Dell, но е најдобриот кој го претставиле досега.

Уредот е 2 во 1 хибрид и според хардверот ќе биде конкурент со Pixelbook на Google. Inspiron Chromebook 14, доаѓа со FHD дисплеј на допир и електронско пенкало.

За разлика од најголем дел од Chromebook компјутерите, овој доаѓа со солиден хардвер. Inspiron има i3-процесор; Intel UHD 620 графичка картичка; 4 GB RAM меморија; 64 или 128 GB eMMC диск, и доволно голема батерија за до 10 часа работа помеѓу полнењата.

Овој Chromebook на Dell нема преголема конкуренција. Хардверот е подобар од најголем дел од уреди, а сепак компјутерот е поевтин од Pixelbook кој е прескап за најголем дел од корисниците.

Inspiron Chromebook 14 ќе биде достапен во продажба од 23 октомври, а цената на основниот модел е 600 долари. Ова секако не е евтин уред, но е значително поевтин од Pixelbook чија цена се движи од 1000 до 1650 долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top