0 коментари 2 мин. читање 18 март, 2015

Инспириран од Terminator 2, Carbon3D принта само со светлина и кислород

Нов 3Д принтер, претставен на TED конференцијата во Ванкувер, користисветлина и кислород за да ги креира копиите. Принтерот кој е креиран во Калифорнија, Carbon3D, може да креира делови за автомобили, медицински уреди па дури и чевли, јави BBC. Принтерот е инспириран од филмот Terminator 2, во кој терминаторот се појавува од стопениот метал.

Технологијата овозможува печатење помеѓу 25 и 100 пати побрзо од сегашната технологија, користејќи нов метод наречен Continuous Liquid interface. Производство, т.е. принтањетп се базира на CLIP-техника која овозможува зацврстување на течната фото-чувствителена смола која е изложена на светлина и кислород.

„Сегашната технологија за 3Д-печатење не го исполни своето ветување за револуционерни промени во производството. Нашата CLIP технологија нуди промени, постојани меџанички својства и избор на материјали за комплексни, комерцијанли и квалитетни делови,“ вели Џоезеф ДеСимон директор и коосновач на Carbon3D.

Во презентацијата во Ванкувер беше креирана пластична топка за само 10 минути, а од компанијата тврдат дека за истиот модел со останатите 3Д-принтери се потребни 10 часа.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top