Информативен сајт за Договорот со Грција и референдумот – „Да разјасниме“

0 коментари 1 мин. читање

Да разјасниме“ е нов проект на Горјан Јовановски, мотивиран од различните толкувања на договорот помеѓу Македонија и Грција. Платформата како и „Мој воздух“ ќе има за цел да ги информира граѓаните и да ја зголеми свеста за некои теми и прашања.

Целта на платформата е да им се помогне во политичко и социјално едуцирање на јавноста. Секако на платформата ќе се разјаснуваат актуелни договори кои се интересни за јавноста.

Најверојатно токму овој договор е одличен почеток. Прашањето ја подели јавноста, сите имаат различни мислења. Граѓаните имаат свој коментар, но според дел од споделените податоци бројот на граѓани кои го прочитале договорот е навистина мал.

На страница посветена на првото досие, освен што може да го преземете целиот договор може да ги разгледате и поважните точки од овој договор.

Секако ова е само прво досие кое ќе биде разгледувано. Во иднина ќе има нови „досијеа“ кои ќе помогнат за поинформирана јавност.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top