Елон Маск и Tesla пред тужба

1 коментар 1 мин. читање

Еден твит можеби ќе биде доволен за покренување на тужба поради манипулација против Елон Маск и Tesla.

Елон Маск преку твит објави дека средствата се собрани. Средствата, поточно 72 милијарди долари, е сумата потребна за откупување на акциите на Tesla.

Веднаш по твитот на г. Маск, акциите на Tesla почнаа да растат. Поради ова Калиман Ајсак и Вилјам Чембрлен ги обвинија за манипулација со берза и за вештачко подигнување на цената на акциите на Tesla. Во истиот ден со твитот на г. Маск, акциите на Tesla скокнаа 13 отсто, јави Guardian.

Најголема загуба од растот на акциите на Tesla имаат „short sellers“. Тие позајмуваат акции и веднаш ги продаваат и се надеваат дека во иднина нивната цена ќе падне и ќе можат да купат за пониска цена. Со ова и тие ќе заработат во процесот.

Г. Маск и од претходно јавно зборува дека го мрази овој начин на заработка.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top