0 коментари 2 мин. читање 15 март, 2018

Инфо сесија на проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“  за законските прописи од областа на животната средина

Проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ одржа инфо сесија на тема „Законските прописи од областа на животната средина, постапување со отпад од електрична и електронска опрема во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите”.  На настанот се водеше дискусија во која се идентификуваа предлози за подобрување на постојните законски/подзаконски постапки, барања и услови кои произлегуваат од законите за животна средина, со цел подобро бизнис опкружување.

На информативната сесија се презентираше краток осврт на постојните закони:

  • Закон за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема и
  • Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.

Учесниците беа запознаени со разграничените одговорности помеѓу чинителите во постапувањето со отпадот од електронска и електрична опрема, со цел воспоставување на ефикасен систем за управување со отпадот, како и минимизирањето на негативните влијанија од отпадот од електронска и електрична опрема.

Во наредниот период проектот ќе продолжи да работи на конструктивни решенија за подобра правна усогласеност на компаниите и поддршка на механизмите за јавно – приватен дијалог помеѓу сите засегнати страни. Сите проектни активности ги спроведува ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на Стопански Комори на Македонија. Преку активно учество во имплементацијата на проектот, коморите ќе можат ги зајакнат и сопствените капацитети за подобро да ги застапуваат микро, малите и средните претпријатија.

 

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}