Илон Маск има вербален договор да изгради Hyperloop помеѓу Њујорк и Вашингтон

Hyperloop е концепт за нов револуционерен јавен превоз. Само 30 минути ќе бидат потребни за патување од Њујорк до Вашингтон, доколку Илон Маск успее да ја реализира својата визија. Г. Маск на Twitter откри дека доби вербална дозвола за градење на Hyperloop помеѓу овие градови.

Линијата ќе ја изгради новата компанија The Boring Company и ќе биде од центарот на Њујорк до центарот на Вашингтон. Помеѓу овие дестинации ќе има повеќе станици. Илон Маск предлага во оваа линија да бидат вклучени и Филаделфија и Балтимор. Судејќи по коментарите, компанијата е во преговори со повеќе градови, а Чикаго би можел да биде некоја од следните дестинации.

Сепак за реализација на овој проект ќе мора да почекаме г. Маск да добие и формален одговор од властите во државите во кои сака да го имплементира Hyperloop.

 Како функционира Hyperloop One

Hyperloop на The Boring Company е нешто поинаков од Hyperloop One. Принципот на работа е ист. „Капсулата“ се сместува во цевка со специфични услови, за намалување на триењето капсулата левитира на овие лежишта. За левитација се користи истиот водух кој ја придвижува капсулата нанапред. Во најголем дел од патувањето не се користат линеарни магнети мотори иако во дел од патот, движењето настанува благодарение на овие мотори.

Во тунелот движењето е благодарение на разликата во притисоците. Пред капсулата притисокот е помал, зад капсулата притисокот е поголем. Ова се остварува со моќни вентилатори. Капсула има вентилатор за компресирање кој се користи како мотор. Помалиот притисок пред капсулата овозможува и намалување на отпорот на воздухот.

Image courtesy of Hyperloop One

Благодарение на помалото триење и отпор на воздухот овој транспортен систем може да достигне многу висока брзина, околу 1.200 km/h.

Hyperloop технологијата е отворена, па постојат и повеќе различни решенија за нивна изведба.

Што е разликата со Hyperloop на Boring Company?

The Boring Company е компанијата која Илон Маск ја основа кон крајот на 2016 година. Неколку години претходно Илон Маск ја отвори технологијата зад Hyperloop. Што се однесува до самото функцинирање и нема некоја преголема разлика. Сепак замислата на Boring Company e системот кој се користи за пренос на патници да може да се користи и за пренос на возила.

Цевките тука се длабоко под земјата, а возилата се спуштаат надолу со лифт. Потоа заедно со гондолата возилото патува супер-брзо од една до друга дестинација. Системот предвидува и транспорт на патници за кои се дизајнирани специјални капсули.

Кога би го примениле Hуperloop на локалните растојанијa, патот од Скопје до Белград по сегашната траса би траел 16 минути, плус времето потребно за забрзување. Од Скопје до Гевгелија патувањето би траело нешто повеќе од 6.5 минути и времето потребно за забрзување. Овие пресметки се и помалку груби. Времето на патувањето зависи најмногу од должината на трасата на која возилото може да се движи со максимална брзина, а тоа секако нема да биде целата должина. Грешката е многу поголема на покуси растојанија каде капсулата воопшто и не се движи со полна брзина.

Сепак доколку навистина профункционира, системот ќе отвори неверојатни можности.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk