0 коментари 2 мин. читање 7 април, 2016

Ikea ќе користи виртуелна реалност да презентира мебел

Ikea си пронајде нов виртуелен простор зa презентирање и реклама на својот мебел. Ikea VR Experience ќе ги замени редиците и времето поминато во продавницата, и на заинтересираните купувачи ќе им понуди можност да избираат мебел преку виртуелна реалност, во соработка со Steam и HTC Vive.

Апликацијата го сместува корисникот во виртуелна кујна, а барем засега можен е избор од трите понудени. За жал, корисникот нема можност да си ја конструира сопствената кујна што најверојатно ќе беше и покорисно. Она што апликацијата го овомзможува е промена на елементите и на фиоките. Барем засега се работи за експеримент и во зависност од интересот на корисниците ќе бидат додадени и дополнителни можности. Она што играчите можат да го прават во моментот е да отвораат фиоки, да го расчистат зеленчукот или да ја расчистат кујната од тавите. Интересна е можноста за играње на две висини како возрасен и како дете, што може на родителите да им покаже дел од опасностите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top