Секоја надела е добра недела за гејминг! Во чест на оваа, копавме широко и длабоко за да ви препорачаме дали да се посветите на одредена игра или пак целосна да ја заобиколите.
The Outlast Trials ви дозволува да се плашите заедно!
Co-op survival хоророт на Red Barrels некако ни се провлече под радарот и не успеавме на време да ја провериме играта. Се работи за убедливо најдобрата игра од овој серијал. Задржувајќи ги препознатливите елементи за одвратен и безкрупулозен хорор со бројни шокантни елементи, The Outlast Trials ви дозволува да бидете дел од различни испитувања. Сами или со други играчи, ќе биде потребно да преживеете што е можно подолго за да „терапијата“ на која сте подложни има соодветен ефект.
Терор во најчиста форма за 1-4 играчи!
Играјќи соло, The Outlast Trials зазема значително поинтимна димензија, каде чувството на беспомошност и апсолутна свирепост е издигнато на највисоко можно ниво. The Outlast Trials игра на карта на сервирање ужасни и извитоперени ситуации кои како да произлегле од умот на најголемите псохопати.
Визуелните и аудио ефектите, во комбинација со одличната графика, се имаат потрудено да изградат реалистичен свет. Но, ова е свет во кој човечките животи не вредат апсолутно ништо, а се користи секоја можна прилика да се шокираат сетилата со свирепи прикази на бруталност.
Поради сево ова, имавме огромни потешкотии да ја играме играта, но апсолутно разбираме дека би можела и-тоа-како да им се допадне на сите хорор ентузијасти кои сакаат мајсторски дизајнирани мапи, паметно осмислени предизвици и бројни можности за прикрадување.
The Outlast Trials зазема значително поразлична димензија кога ја играте во ко-оп. Иако таквиот режим никако не се наметнува, заедничката соработка може да помогне да ви се зголемат шансите за преживување, особено при создавање прилики за прикрадување, успорување на непријателите или пак користење одредени алатки.
Неодамна, The Outlast Trials го заврши временско-ограничениот настан кој беше во чест на надополнувањето Toxic Shock, а летово тимот ја спрема првата сезона за играта. Што значи, сега е одлично време да ја проверите играта и соодветно да се подготвите за пеколниот ужас што следи со зголемување на температурите.
Ziggy излегува на Xbox и Microsoft Store денеска!
По едно-годишно гостување на Steam, малиот, симпатичен платформер се чини конечно спремен да се префрлина на Xbox. Како игра која се чини дека е совршена за играње со контролер, Ziggy се труди да ги тестира вашите рефлекси така што ќе ви понуди бројни предизвикувачки мапи.
Преку внимателно темпирање на вашето трчање, (двојно) скокање и движење низ ѕидови, ќе биде потребно да избегнувате бројни пречки (читај: замки) низ пет уникатни светови. Ziggy е се само не лесна игра, и потребно е да сте спремни на чести порази и константни обиди за издвојување победа низ триесетте стази.
Soulmask крие интересно демо кое ги покажува потенцијалите на survival играта
И како трет, наш предлог, би сакале да го истакнеме демото за амбициозната игра на CampFire Studio. Soulmask е survival игра со преубава графика, комплексни механики и огромен отворен свет кој преколнува да биде истражен.
Ветувајќи автентично survival искуство, Soulmask се удира во гради како игра која ќе ви дозволи да се искачите на врвот почнувајќи од нула. Тоа значи дека е потребно многу истражување, градење, регрутирање луѓе, како и водење битки со 8 различни стилови на оружја и користење 75 различни борбени вештини.
Името Soulmask доаѓа од уникатната способност да пронаоѓате маски кои се поврзани со духови на древни херои. Преку користење на маските, ќе можете да ги заземете оригиналните изгледи и способности на таквите херои и на различни начини да се справите со предизвиците кои ќе се појават пред вас. Играта ветува многу и, доколку сте фанови на игри од овој калибар, демото е сосема доволно за да заклучите дали е ова игра за вас, или не.
Тоа беа игрите кои ги одбравме за вас! Што од ова би провериле, а што би скокнале? Кажете ни во коментарите!