Играта за телефон Honour of Kings користи препознавање на лик за да провери колку години има играчот

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Играњето на игри кои не се соодветни за годините секако не е нов, а најверојатно не е ниту најголем проблем. Сепак развивачот на играта Honour of Kings се обидува да пронајде решение со иновативни методи.

Развивачите на играта започнуваат со тестови кои ќе овозможат одредување на возраста преку препознавање на ликот. За почеток тестовите се ограничени на новите играчи од Пекинг и Шенжен. Играта има 200 милиони регистрирани играчи, а и бројката на нови играчи од овие два града се брои во илјадници, јави BBC.

Компанијата ги прави промените поради обвинувањето во медиумите дека играта предизвикува зависност кај децата. Во последниот период под притисок на медиумите и властите компанијата прави повеќе промени во регистрацијата на корисниците.

Ова е од исклучителна важност, со оглед на тоа дека Tencent е под притисок на властите да го ограничи времето кое децата го поминуваат во играње. Компанијата се обиде преку задолжителна регистрација на профили со вистински податоци да го надмине проблемот, но изгледа не беше доволно. Сега се обидуваат преку анализа на ликот да одредат колку години има играчот. Играчите помлади од 12 години можат да играат 1 час дневно, а играчите од 13 до 18 години, до два часа.

Honour of Kings e мобилна MOBA игра копија на Dota 2 или League of Legends. Играчите поделени на тимови играат еден против друг обидувајќи се да ја „уништат“ базата на противникот.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk