Играта Tank Chess од Драган и Предраг Лазовиќ собра над 56.000 долари на Kickstarter

во feature, гејминг

Tank Chess e друштвена игра на Предраг и Драган  Лазовиќ, татко и син кои со години изработуваат друштвени игри. Предраг изработува игри повеќе од 25 години, а над 40 негови игри се издадени во Србија. Играта Tank Chess успешно ја привршува Kickstarter кампањата; за реализација на играта беа потребни 2.000 долари, но добија над 50.000 долари од над 1.240 поддржувачи.

Претходно „Forsage Games“ успешно завршија Kickstarter кампања и за играта „Naval Battle in Archipelago“. По што интересот за игри од Forsage Games  порасна во целиот свет. Tank Chess е креирана сосем спонтано, додека Предраг и Драган размислувале како да прилагодат една од игрите кои ги играат.

„Кампањата на Kickstarter започна на 10 декември. Не очекувавме ваков успех, не инвестираме воопшто во маркетинг. Очигледно поддршката од целиот свет ја препозна оригиналноста и квалитетот на играта. Нашето достигнување, комбинирајќи го шахот и класичните воени игри, на уникатен начин може да се воочи преку бројот на позитивни прегледи на играта и проектот на интернет“, велат Предраг и Драган.

Играта всушност е многу едноставна, иако изгледа дека за потолно совладување на играта сепак, ќе биде потребно да размислувате и подлабоко и покомплексно. Правилата за играта може да ги разгледате тука. Играта доаѓа со основна табла, но и со табла на која самите ќе може да ги поставувате препреките кои треба да се избегнат. Основната верзија доаѓа со 5 различни тенкови, а има и надградба со 15 нови танкови и нови препреки.

„До крајот на кампањата ќе претставиме и уште една експанзија, 3Д-табла од картон и пластични елементи кои играчите може да ги спојуваат, комбинираат и да ги постават на таблата за поубаво визуелно искуство“.

Во моментов Forsage Games работи на воспоставување на подолгорочни партнерства со повеќе продавници од целиот свет.

Испораката на играта треба да започне во февруари. По ова веќе за напролет, испланирана е нова кампања за играта Age of Dogfight – Early cold war. Ако сѐ се одвива по планот, наесен треба да започне камањата за Panzer Strike – France 44.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk