0 коментари 2 мин. читање 23 јуни, 2017

Играј и помогни, хуманитарен гејминг турнир: Никола Поповски – Ниџо

Пред околу 7 години во сообраќајна несреќа животот го загуби Никола Поповски Ниџо. Неговите пријатели организираат меморијален, хуманитарен гејминг турнир во негова чест. Средствата што ќе се соберат од турнирот ќе одат како помош за лица со епилепсија.

„Затоа што неговата сестричка страда од епилепсија сакаме турнирот да биде и од хуманитарен карактер и средствата што ќе се донират, процент од пијалаците и сè што ќе остане од од учеството откако ќе  биде покриена организацијата, ќе ги донираме на девојчето. Доколку се соберат повеќе средства, може да се помогне и на некој друг на кој навистина му е потребна помош“, вели организаторот Бошко Чичаковски.

Натпреварите ќе бидат во Call of Duty 2. Турнирот ќе биде одржан на 1 јули во Press Cafe во Аеродром. Иако има и награди и натпреварувачки карактер, сепак главната цел на турнирот е хуманитарна, и секако потсетување на Никола Поповски.

Можат да учествуваат тимови составени од пет играчи, но поради големиот интерес орагнизаторите овозможија и соло пријавување за турнирот. Цената за учество на турнирот е 400 денари. За пријавување остануваат уште 2 дена, а сите заинтресирани можат подобро да се информираат на facebook-страницата на организаторот.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top