Студиото CCP, познато по својата MMO игра EVE Online, ќе им оддадат признание на своите играчи. Компанијата ќе постави шестметарски споменик од темен алуминиум во Рејкjавик, Исланд, на кој ќе бидат гравирани имињата на сите играчи кои биле активни до 1 март 2014 година. Освен споменикот во неговите темели ќе биде поставен лаптоп, своевидна временска капсула со видеа и пораки од играчите и девелоперите на играта.
„Наша цел е да ги овековечиме милионите луѓе кои придонесоа во EVE универзумот на начин кој ќе ја симболизира нивнат бесмртност во нашат игра.“, вели директорот на ССР Хилмар Веигар Петурсон за IGN.
Споменикот ќе биде претставен на 30 април еден ден пред годишната прослава на ССР, Funfest 2014. Компанијата и досега им одаваше признание на своите играчи но ова е прв споменик надвор од виртуелниот свет. CCP во 2012 креираше In-Game споменик na Шон Смит кој загина во нападот на амбасадата на САД во Бенгази, а беше и еден од првите играчи на EVE Online.
[youtube]pzBGHNzGi8M[/youtube]







