Блогот кој расклопува се што ќе им дојде во раце, а најчесто тоа се најновите телефони и таблет компјутери, iFixit, го расклопи и најновиот уред на Google, Nexus 5 со Android KitKat. Tелефонот има 5-инчен Full HD екран со 1920×1080 резолуција, 2,25 GHz Snapdragon процесор, 2 GB RAM и 8 пиксели камера, и доаѓа со можност за 16 или 32 GB простор. Но, тоа што е важно за iFixit е што Nexus 5 доби оценка 8 од 10 за леснотијата да му се заменат деловите. Модуларниот дизајн дозволува лесна замена на индивидуални делови, вклучувајќи ја и батеријата која иако е залепена, може да се отстрани лесно. Проблемот ќе биде замена на скршеното стакло што може да биде скапо бидејќи заштитното стакло и екранот се споени заедно.
[youtube]-wq0choeCdU[/youtube]







