1 коментар 1 мин. читање 1 ноември, 2013

iFixit го расклопи iPad Air; еве од што е составен најтенкиот таблет на Apple

Љубопитниот тим на iFixit кои не можат да сочуваат уред повеќе од еден ден, го расклопија најновиот и најтенкиот таблет компјутер од Apple, iPad Air. Уредот доби пофалби за своите моќни перформански со 80% подобрувања од претходната генерација iPad 4, благодарение на A7 процесорот кој е ист како на новиот iPhone 5S, но е за 100 MHz побрз на таблетот.

Но, iPad Air не доби висока оценка од iFixit, само 2 од 10 за леснотијата да биде поправен уредот и да му се заменат деловите. Иако екранот може да се извади, сите други делови се залепени меѓусебе, вклучувајќи ја и батеријата која била најтешка за вадење од сите претходни iPad-и.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Смилков Васе

Toshiba!

Мени
Заедница
Изглед
To top