0 коментари 1 мин. читање

iFixit го претстави новиот Surface лаптоп, за уредот нема поправка

Можеби најинтересните презентации на уредите доаѓаат од iFixit. Овој пат на ред за расклопување е новиот лаптоп Surface. Уредите на Microsoft и вообичаено не беа високо на листата за поправки, но новиот уред е чекор подалеку. Со оценка за можност за поправка од 0 од 10, Surface и официјално е најлошиот уред за поправање.

Причината за ниската оценка е тоа што нема никаква можност ниту за отворање на лаптопот. Како и на останатите слични уреди и тука сè што може да биде залемено на плочата е залемено. Нема можност за промена на процесорот, RAM меморијата или дискот. Дури и менувањето на батеријата е предизвик, па iFixit ја додели најниската можна оценка 0.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top