Часовите по информатика за основно училиште во Србија на YouTube

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Српската иницијатива за поголема информатичка писменост Програмирај! е заслужна за задолжителна информатика во основните училишта во Србија. Сега како дел од програмата се направени и видео лекции кои може да се следат на YouTube, јави Startit.

Онлајн лекциите се дело на 12 факултетски професори и наставници од основни и средни училишта. Лекциите се достапни на куп локации, но се чини дека YouTube е наједноставна за пристап.

„Намерата ни беше на најинтересен начин на петооделенците да им го приближиме новиот предмет – Информатика и компјутерски технологии. Лекциите за шестооделенците се малку посериозни. Покрај видео лекциите, направивме и прирачник за користење во дигитален формат, кој може да го користат и учениците и наставниците. Се ова им е достапно и на повозрасните кои сакаат да се стекнат со основни познавања за програмирање“, вели Катарина Алексиќ координатор на проектот за Политика.

Што се однесува до предавањата. Воведот за програмирање е за Scratch. Посериозно изучување  продолжува со Python. Среќна околност е што предавањата ќе бидат преведени и на јазиците на малцинствата во Србија. Па доколку не биде пронајден соодветен ентузијазам во Македонија, барем заинтересираните деца ќе можат да учат програмирање на македонски.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments