Доколку ги следите друштвени медиуми тогаш сигурно сте ги забележале видеата на повеќе јавни личности кои се полеват со ледена вода. Станува збор за иницијатива која треба да ја зголеми свеста за болеста амиотрофична латерална склероза (ALS) позната и како „Лу Гарет“ болест. Предизвикот се одвива на следниот начин: откако предизвиканиот се полева со ладната вода одбира три нови луѓе кои треба да го направат истото во следните 24 часа или да донираат 100 долари за борба со болеста. Се разбира најголем дел од предизвиканите се поливаат со речиси замрзнатата вода и донираат. Иницијативата досега има собрано над 2,3 милиони долари, па иако можеби изгледа глупаво се чини дека одлично функционира.
Со помош на друштвените мрежи, иницијативата стана вирална, а досега предизвикот го прифатија и куп познати личности, директори и основачи на ИТ компании, спортисти, музичари, водители и актери. Помеѓу луѓето кои се полија со ладна вода се Марк Зукенберг, основач на Facebook; Сатја Надела, директор на Microsoft; Тим Кук од Apple; Џон Леџер од T-Mobile; Дик Костоло, директор на Twitter и основачите на Google, Лери Пејџ и Сергеј Брин.
[youtube]baeLtRZbwgY[/youtube]
I've made a donation to stomp out ALS. I challenge @spencerrascoff.
Your turn @carlquintanilla
#icebucketchallenge
https://t.co/enub9GG4mo
— dick costolo (@dickc) August 13, 2014
[…] Тим Кук, Марк Закерберг, Бил Гејтс и Лари Пејџ се полеваа со ладна вода, а малку подоцна предизвикот стигна и до локалната […]