1 коментар 2 мин. читање 10 декември, 2012

Apple Maps се опасни по живот, предупреди австралиската полиција

Мапите на Apple можат да бидат опасни за вашиот живот, предупреди полицијата од Милдура, Австралија. Предупредувањето доаѓа по поплаки од луѓе кои наместо да го најдат малото гратче, се изгубиле во австралиските пустина на високи температури. До сега се спасени четири изгубени луѓе кои ги следеле мапите.

„Тестовите на мапите покажаа дека мапите го прикажуваат Милдура во средината на националниот парк Murray Sunset, точно 70 километри од вистинската локација на градот. Полицијата е загрижена бидејќи нема извор на вода во паркот, а температурите можат да достигнат и до 46 степени, што е опасно по живот.“, се вели во официјалното соопштение.

Apple ги замени Google Maps во неодамна објавениот iOS 6, платформа на која работат iPhone и iPаd, и ги претстави своите мапи кои од старт беа ужасни со неточни локации. Во Македонија, на пример, не го прикажуваа Охридското езеро. Мапите се толку лоши што дури и директорот на Apple, Tим Кук, мораше да се извини. Аpple не сакаше да коментира за инцидентите во Австралија, но како и до сега одговори кратко дека „работат да ги поправат мапите“.

Интересно, веста ни кажува само колку многу се корисни дигиталните мапи и апликациите со локација, но само доколку користат Google или Nokia мапи.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
anonimen
anonimen
13 years ago

пустињи

Мени
Заедница
To top
{title}